Поврзете се со нас

Италија

Алегри за новиот формат на ЛШ: Швајцарскиот систем е воведен само поради една причина

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Макс Алегри е под голем притисок поради лошата резултатска серија на Јувентус, а додека траат шпекулациите за негово заминување по крајот на сезоната, тој реализирал интервју во кое зборувал на различни теми.

Тренерот на „бјанконерите“ ја споменал големата разлика во однос на финансиската моќ меѓу клубовите од Премиер лигата и Серија А и тоа во насока дека истата ќе има уште поголемо значење со новиот формат на Лигата на шампионите.

Од следната сезона, екипите нема да бидат поделени во групи, туку секој од учесниците ќе игра по осум натпревари. Осумте најдобри екипи ќе обезбедат директен пласман во осминафиналето, а за преостанатите осум места плејоф ќе играат екипите пласирани од 9 до 24. место.

Според Алегри, ова е гаранција дека помалите клубови потешко ќе можат да направат изненадувања и само најквалитетните екипи ќе играат во завршницата.

– Едноставно невозможно е да ја намалиме големата разлика во однос на финансиската моќ меѓу Премиер лигата и Серија А, па затоа единствено решение за нас е да работиме со младите категории и да ги намалиме трошоците.

– Ќе биде речиси невозможно да се освои Лигата на шампионите со новиот формат, бидејќи тој е направен да функционира како во тенисот. За трофејот ќе се борат најдобрите осум и ќе биде чудо ако некој од нив не го освои трофејот.

– Го воведоа швајцарскиот систем за да бидат сигурни дека најдобрите ќе останат до крајот, веројатно затоа што сакаат спектакл до последната рунда. За останатите тоа ќе биде добра можност да работат на развојот на млади фудбалери и да очекуваат да стигнат што подалеку кога ќе формираат квалитетен состав, – вели Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни