Поврзете се со нас

Италија

Алегри: Не знам кога Погба ќе се врати

Објавено

на

Екипата на Јувентус успеа да го совлада Арсенал со 2-0 и тоа на негов терен во Лондон, а по средбата тренерот Масимилијано Алегри отворено говорел за играчите кои му беа недостапни, односно се многу важни за „старата дама“.

Се работи за Федерико Киеза, Пол Погба и Леонардо Бонучи, но и за останатите фудбалери кои се важни во колективот.

-Киеза имаше мускулен проблем, но тоа е нормално кога го зголемуваме интензитетот по толку долго отсуство поради повреда и претпочитавме да не ризикуваме со него. Тој ќе биде подготвен за 27 декември. Пол сè уште не е константен на тренинзите, па не можам да кажам кога ќе се врати. Ова е вистината и важно е да се каже тоа, инаку секој ден ќе ги добиваме овие прашања за тоа како оди закрепнувањето на Погба. Сè уште не почнал да трча на тренинзите.

-Бонучи нема долго да биде надвор од теренот, Куадрадо ќе биде достапен по натпреварот со Кремонезе, а Де Шиљо треба да се врати од 27 декември па натаму. Тоа е исто така кога пристигнуваат Данило и Алекс Сандро, додека Рабио и Аргентинците ќе имаат уште неколку дена за одмор, -обелодени Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни