Свет
Ал Наср ќе му врачи отказ на Руди Гарсија

Кристијано Роналдо наскоро ќе добие нов тренер во Ал Наср, бидејќи раководството на клубот решило да му врачи отказ на Руди Гарсија.
Резултатите на екипата не се најубедливи, а последното реми со тимот на нашиот Трајковски дополнително го зголемил незадоволството кај раководството.
„Марка“ пренесува дека сепак главен проблем на Гарсија е односот со фудбалерите, а Французинот одамна ја „загубил“ соблекувалната и бил во лоши односи со голем број фудбалери на Ал Наср.
Ал Наср е на второто место во домашното првенство со три бода помалку од Ал Итихад на седум кола до крајот, а неочекувано беше елиминиран во полуфиналето на Арапскиот Супер куп.
Гарсија е на позицијата од јуни минатата година, а засега не е познато кој е фаворит за негов наследник кај раководството на клубот од Саудиска Арабија.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 23 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 21 час
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 22 часа
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)