Поврзете се со нас

Лига Европа

Адеми со два гола го однесе Динамо Загреб во групната фаза на ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Динамо Загреб ќе игра во груната фаза на Лигата на Европа, а за тоа голема заслуга има нашиот репрезентативец Аријан Адеми.

Во клучниот меч за место во главниот дел на ЛЕ, најдобриот хрватски тим ја победи естонска Флора со 3-1 со тоа што автор на два гола беше капитенот Адеми. Аријан на асистенција на Гаврановиќ во 26 минута зголеми на 2-0, додека во 87 пак го постави конечниот резултат, поточно ја потврди победата на домаќините.

Ова е уште еден успех за хрватскиот клуб кој одново ќе игра во групна фаза на европските натпреварувања што секако значи нова заработка и полнење на клупската каса.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни