Поврзете се со нас

Италија

Ачерби ја дозна одлуката на спортскиот суд за обвинението за расизам на дербито со Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Дефанзивецот на Интер, Франческо Ачерби нема да добие суспензија за обвинувањето дека расистички навредувал фудбалер на Наполи на последното соочување на овие две екипи во Серија А.

Ветеранот беше обвинет од страна на Жуан Жезус дека му упатил навреди на расистичка основа за време на натпреварот, а долгата истрага на дисциплинската комисија заврши без санкции за членот на актуелниот лидер во првенството.

Во објаснувањето на одлуката, одговорното тело, односно спортскиот суд, тврди дека не биле пронајдени докази дека Ачерби ги испратил спорните термини на сметка на дефанзивецот на Наполи, односно дека само Жезус слушнал такво нешто за време на натпреварот.

Ставот на Ачерби дека никогаш не кажал такви зборови на теренот, но целиот процес го натера селекторот Лучијано Спалети да го ослободи од обврските кон националниот тим за веќе одиграните пријателски средби.

Останува да се проследи и реакцијата од Жезус и Наполи на ваквата одлука на одговорната комисија, додека Ачерби може да се подготвува за следниот натпревар на Интер бидејќи избегна строга казна, која можеше да значи и суспензија на десет натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни