Поврзете се со нас

Франција

Угледен француски весник објави скандал за Ал Келаифи: Со нехумана изнуда сокрил важни информации

Објавено

на

Насер Ал Келаифи и се нафрли на Барселона и најави дека УЕФА ќе покрене истрага за интерното рефинансирање кое го направи клубот и неконтролираното трошење среде финансиска криза, но неполни 24 часа по ваквата изјава на претседателот на ПСЖ, пристигна една сензационална вест која го става него во средина на скандал.

Угледниот весник од Франција со седиште во Париз, познатиот „Либерасион“ излезе со своја ексклузива поткрепена од сведок на немилите случувања во Катар, кои направиле еден бизнисмен со алжирско потекло да заврши во затвор.

Францускиот весник тврди дека првиот човек на ПСЖ со нехумана изнуда сокрил важни информации кои би имале лошо влијание врз него доколку изгле во јавноста, а најдебелиот крај го извлекол именуваниот бизнисмен Тајеб кој завршил во затвор во својата земја по наредба на емирот на Катар, кој инаку е газда на „светците“.

Споменатиот Тајеб имал компромитирачки материјали против претседателот на ПСЖ за нерегуларности околу бирањето на Катар за домаќин на Светското првенство, поради што минал во затвор повеќе од една година.

Тајеб бил уапсен на 13-ти јануари 2020-та година, а бил пуштен на слобода пред извесно време, но откако ги предал сите документи, вклучувајќи и „УСБ“ на адвокатите на Ал Келаифи, со што биле уништени сите докази против него. „Либерасион“ вели дека целата операција била диригирана од страна на емирот од Катар, кој користејќи ја својата моќ се обидел да го остави чист образот на Ал Келаифи.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни