Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тренерот на Борусија со џентлменска изјава по спорниот момент на „Стемфорд Бриџ“

Објавено

на

Foto:twitter.com/BlackYellow

Борусија Дортмунд не успеа да ја повтори партијата од првиот меч против Челси и вечерва не можеше да го израмни интензитетот на Англичаните, кои успеаја да ја надокнадат негативата од „Сигнал Идуна парк“ и да се пласираат во четвртфиналето.

Грем Потер ќе добие неколку помирни дена откако тимот се пласираше меѓу осумте најдобри во Европа, но овој резултат донесе и еден контроверзен момент, кој беше клучен за крајниот расплет.

При резултат 1:0, Челси доби пенал и тука немаше дилеми, но откако Хаверц првично промаши, судијата Макели реши најстрогата казна повторно да се изведе.

Во шеснаесетникот порано влегоа играчи на двата тима, но Макели процени дека има доволно елементи за повторно изведување на пеналот, кој на крајот беше реализиран од Хаверц за 2:0.

По натпреварот, тренерот Терзиќ призна дека е разочаран од тесниот пораз, но испадна и голем џентлмен и му честиташе на Челси за пласманот во четвртфиналето.

– Разочарани сме, загубивме на тесен начин. Пеналот беше клучен момент, тоа беше тешка одлука за нас, но сметам дека Челси заслужи да оди понатаму. Честитки до нив, ова беа два тесни меча, по кои и ние заслуживме да бидеме во четвртфиналето. Си имавме свои шанси, а кога нема да ги искористите, не може да се најдете во следната рунда, – изјави Един Терзиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни