Поврзете се со нас

Репрезентација

Тодоров остана без уште еден адут за Талин пред официјалното тестирање на сите играчи

Објавено

на

Стојан Ѓуроски поради позитивен Ковид тест му откажа на селекторот Александар Тодоров за претстојниот квалификациски турнир кој ќе го играме во Талин, а денеска предводникот на нашиот тим остана без уште еден член од поширокиот состав кој самиот го објави.

Ова попладне пристигна информацијата дека селекторот нема да може да смета на уште еден важен адут под кошевите, кошаркарот на Работнички, Кирил Николовски.

Членот на македонскиот прволигаш ги известил водечките луѓе дека нема да се појави на првиот собир поради лични причини, по што стана јасно дека Тодоров остана без двајца играчи уште пред да бидат направени официјалните Ковид тестови на сите повикани.

Предвидено е утре да бидат направени тестирања на сите играчи кои се повикани, по што Тодоров ќе треба да го скрати списокот и да ги избере играчите кои ќе продолжат да тренираат и да се подготвуваат за двата дуели со Естонија и Италија.

Турнирот ќе се игра во Талин, а првиот меч го играме на 28-ми, додека вториот против Италија два дена подоцна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни