Италија
Шок за италијанските фанови: Суспендираниот судија на „чизмата“ доби подарок во ЛШ

Италијанските медиуми и денеска пишуваат за контроверзното судење на Марко Ди Бело на петочното дерби меѓу Лацио и Милан, интернационалниот арбитар доби многу критики и од своите повозрасни колеги, но тој денеска си доби убава честитка од федерацијата и УЕФА.
Ди Бело го испушти од контрола дуелот во Рим и додели три црвени картони за домашниот тим, заработувајќи многу забелешки за начинот на кој го менаџирал дуелот, а медиумите пренесоа дека ќе оди на принудна пауза поради своето издание во петокот.
Контроверзниот судија нема да суди во Серија А најмалку еден месец поради пропустите на „Олимпико“, но денеска е назначен за четврти судија на дуелот од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и РБ Лајпциг, па целосно неочекувано, ќе биде дел од италијанската судиска постава, на дуелот на кој нашиот Елиф Елмас и соиграчите ќе бркаат четвртфинале против шпанскиот ривал.
Иако на хартија нема важна улога во однос на арбитражата, сепак не треба да се потцени фактот што е официјален асистент, а исто така ќе треба да го замени главниот судија во случај тој да се повреди и да не може да ја изврши својата задача.
Главен судија ќе биде Давиде Маса, додека во ВАР собата е делегиран тандемот Ирати-Валери.
-
Англија17 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија15 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет24 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
Англија22 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
АБА лига22 часа
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Шпанија24 часа
Итуралде: Себалјос требаше да добие црвен картон уште во 25. минута (Видео)