Поврзете се со нас

Италија

Сари: Не ме интересира зборот „речиси“, мора да бидеме внимателни против Удинезе

Објавено

на

Маурицио Сари веќе го подготвува својот тим за утрешното гостување кај Удинезе, а бодовите може да бидат посебно важни за Јувентус кој е блиску до потврдување на титулата.

Сепак, искусниот стручњак предупредува дека ги очекува дуел со квалитетна екипа која е во одлична форма, па според тоа и гостувањето нема да биде лесно.

– Јас сум човек од спортот, па зборот речиси ми е безначаен. Знаеме дека треба да освоиме уште четири бодови и тоа нема да биде лесно.

– Мора да се фокусираме од натпревар на натпревар, прво на Удинезе, потоа на Сампдорија, а сето тоа во тешки моменти во сезоната, – вели Сари.

– Удинезе е одлично физички подготвен тим и во моментов игра во добра форма, па затоа треба да бидеме внимателни и да одиграме на високо ниво, – дополнил тренерот на Јувентус.

Средбата на „Фриули“ се игра утре од 19:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни