Поврзете се со нас

Италија

Милан добива супер засилување од Челсли

Објавено

на

Од таборот на Милан биле во напредни преговори за супер засилување од офанзивата на теренот.

„Скај Италија“ пренесува дека „росонерите“ планираат да го ангажираат мароканскиот репрезентативец и член на Челси, Хаким Зијеш.

Томас Тухел дал зелено светло за продажба на фудбалерот кој не се снајде баш најдобро на „Стемфорд Бриџ“ по неговиот 33 милиони фунти вреден трансфер од редовите на Ајакс пред две сезони.

Милан веќе има соработувано со Челси кога во прашање се трансферите, а последните две зделки од лондонскиот клуб им беа вистински погодок.

Фикајо Томори и Оливие Жиру се покажаа како одлични засилувања за шампионскиот тим предводен од Стефано Пиоли, па во Милано се надеваат дека истото ќе се случи и со Зијеш кој бил отворен за трансфер на „Сан Сиро“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни