Поврзете се со нас

Европски првенства

Македонија У-19 не издржа во финишот против Холандија

Објавено

на

Најдобрите македонски ракометарки до 19 години не успеаја да го совладаат фаворитот Холандија во третото коло од ЕХФ шампионатот кој се одржува во Скопје.

По една победа и реми, Македонија го доживеа првиот пораз, изразен со резултат 25:29, па пласманот во полуфиналето сега станува многу потешка мисија.

Нашите ракометарки имаа одличен старт, три пати водеа со пет гола во првиот дел, но на полувреме заминаа со предност 14:12. Македонија имаше минимална предност или егал ситуација до завршните десет минути, во кои Холандија го презема водството и на крајот ги освои бодовите.

Коларовска со 7, односно Јанкуловска и Миновска со по 6 голови беа најефикасни во македонскиот состав, додека во редовите на Холандија, Моленар реализираше девет пати.

По овој пораз паднавме на третото место зад Холандија и Фарските Острови, а дури и очекувана сигурна победа над Косово утре и пораз на Фарските Острови не гарантираат второ место поради ремито во меѓусебниот дуел, односно послабата гол-разлика од директниот ривал за второто место.

Табела: Холандија 6, Фарски Острови 5, Македонија 3, Косово 2, БиХ 0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни