Франција
Магија од „светците“: Мбапе го ископира вонсериското додавање на Модриќ, Меси го издрибла голманот (Видео)

ПСЖ одамна ја освои титулата во домашното првенство, но професионално ја довршува својата задача и ѕвездите на Покетино денеска си подготвија ноќ за забава.
„Светците“ победија со 0:4 на гостувањето кај Монпелје во натпревар во кој главната улога ја имаа Килијан Мбапе и Лионел Меси, првиот бидејќи беше дел од сите четири акции за головите, а вториот поради тоа што постигна два погодоци.
Мбапе двапати асистираше до Меси за водство од 0:2, но второто додавање беше неверојатно добро и беше своевидна копија на вонсерискиот пас од Лука Модриќ.
Килијан со надворешна го проигра Меси, кој пак возврати со дриблинг и гол за 0:2 по само 20 минути игра. Анхел Ди Марија се запиша во листата на стрелците и зголеми на 0:3 по акцијата која ја започна Мбапе, па со овој резултат се замина на полувреме.
По паузата, Мбапе се избори за пенал, а самиот го материјализираше истиот во 60-та минута и ги постави конечните 0:4.
-
Светпред 18 часа
Инсиње откако стана најплатен играч во историјата на МЛС: Не дојдов поради парите
-
Светпред 18 часа
Досегашниот капитен на Сити се врати на почеток: Дојде еден дедо за да ви помогне (Видео)
-
АТПпред 20 часа
Алкарас се врати од загубена ситуација и со еден поен ги крена на нозе тениските фанови во Лондон (Видео)
-
Светпред 19 часа
Лос Анџелес сепак ќе мора да плати за Бејл, заработката оди кај Бекам!
-
Италијапред 19 часа
Рома ја изигра Барселона, каталонскиот гигант се налути и размислува за тужба (Фото)
-
Англијапред 7 часа
Пресврт во најава: Манчестер Јунајтед договорил трансфер на холандски репрезентативец
-
АТПпред 17 часа
Мари го изненади противникот со својот потег: Овој удар е дозволен во тенисот (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Не е само Стерлинг: Тухел сака да купи уште една стандардна резерва на Гвардиола