Поврзете се со нас

Германија

Легенда на Баерн за Кимих и останатите невакцинирани играчи: Не би ги пуштил ни на тренинг

Објавено

на

Џошуа Кимих отвори голема дебата во Германија, по признанието дека не е вакциниран и дека се уште нема доверба во вакцините кои го намалуваат ризикот од ковид-19, а во истата дебата се вклучи и Паул Брајтнер.

Легендата на Баерн Минхен имал остри зборови за Кимих, но и за неговите четворица соиграчи кои не се вакцинирани, но засега се непознати на јавноста.

– Немам намера да се убедувам со некого дали треба да се вакцинира. Има само една насока во која треба да се движиме, а тоа е вакцинација.

– Ако јас бев одговорен во Баерн во моментов, Кимих и останатите четворица не би добиле дозвола ни да тренираат со остатокот на тимот, а камоли да играат натпревари.

– Би им порачал дека можат да тренираат и да трчаат во планина, но не и во тренинг центарот на клубот, – изјавил Брајтнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни