Поврзете се со нас

Германија

Крос јавно го искара својот брат: Не се согласувам со твојот став за Сане

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/felixkroos23

Феликс е помалку познат фудбалер од својот постар брат Тони Крос, но во медиумите често е актуелен поради својот подкаст во кој зборува на фудбалски теми.

Ѕвездата на Реал Мадрид често е гостин во подкастот и зборува заедно со својот брат, а последното гостување го искористил за да му реплицира на Феликс околу неговите критики на адреса на Лерој Сане.

Феликс истакнал дека и покрај фактот што Сане е квалитетен фудбалер, тој не треба да биде дел од германската репрезентација на ЕП, затоа што предизвикува негативна енергија секогаш кога не е во прв план кај селекторот.

Овој став го испровоцирал Тони Крос, па тој потенцирал дека овојпат не се согласува со својот брат.

– Видов дека си актуелен во медиумите поради изјавата за Сане и овој случај не се согласувам со тебе.

– Го познавам Лерој како човек и иако селекторот ќе одлучува кој ќе биде повикан и кој ќе игра, сигурен сум дека нема да имаме проблеми со Сане. Дури сметам дека Германија не смее да си дозволи да игнорира фудбалер со такви квалитети, убеден сум дека Сане ќе игра одлично на ЕП, – рекол Тони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни