Поврзете се со нас

Англија

Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор

Објавено

на

„Дејли Меил“ пренесува дека клубови од Италија и Шпанија сериозно ја следат ситуацијата околу фудбалерот кој е миленик на фановите на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи.

26 годишниот стопер има договор со „ѓаволите“ до 2022 година и доколку истиот не биде продолжен би можел да биде продаден во летниот преоден рок.

Баи е миленик на фановите на Јунајтед поради своите партии кои ги прикажува кога ќе е на теренот, но голем проблем за него претставуваат честите повреди, па токму затоа од клубот се  уште немаат донесено одлука дали сакаат да го задржат.

„Сан“ пишува дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска во следниот период ќе добие шанса да ги покаже своите фитнес квалитети и доколку не заработи некоја посериозна повреда и доколку продолжи да игра како што играше досега оваа сезона ќе добие нов договор.

Инаку првичните контакти меѓу клубот и играчот биле остварени, но при разговорите му било посочено токму тоа, за да остане во Јунајтед мора да остане здрав цела сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни