Поврзете се со нас

Италија

Јувентус планира да врати поранешен играч, на кого не му даде шанса пред неколку години

Објавено

на

Промените во раководството на Јувентус останаа во сенка на обвиненијата кои донесоа и казни за италијанскиот клуб, но несомнено ќе донесат и одредени промени во трансфер стратегијата.

Покрај обезбедувањето на Тимоти Веа и задржувањето на неколку искусни играчи, Јувентус работи на дополнителни нови имиња за следната сезона, а една информација од Аргентина предизвика изненадување кај фановите на „бјанконерите“.

Аргентинските медиуми објавија дека Јувентус се интересира за дефанзивецот Кристијан Ромеро, што не би било чудно ако не се знаеше дека тој веќе беше член на торинскиот клуб, но никогаш не доби шанса да настапува за него.

Јувентус го купи Ромеро во 2019 година, но тој беше отстапен во Џенова и Аталанта, за клубот од Бергамо подоцна да го откупи неговиот договор и да го испрати во Тотенхем.

25-годишниот Ромеро го потврди својот квалитет во Премиер лигата, па сега Јувентус го смета за добра солуција за Макс Алегри, со оглед на фактот што Леонардо Бонучи е пред завршување на кариерата, а „бјанконерите“ можеби ќе сакаат да заработат од трансфер на Глејсон Бремер, за кого постои голем интерес меѓу англиските клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни