Поврзете се со нас

Италија

Јувентус остана без уште еден фудбалер до крајот на сезоната

Објавено

на

Маурицио Сари никако да го одведе Јувентус до потврда на Скудетото, а ситуацијата по поразот од Удинезе ја искомплицира уште една повреда во тимот.

Денеска стана јасно дека Даглас Коста повторно заработил повреда, а по специјалистичкиот преглед било утврдено дека има проблем со мускул на ногата и поради тоа го очекува пауза.

Истата ќе трае најмалку 15 денови, што значи дека за Бразилецот сезоната во Серија А е завршена и тој е уште еден играч на кој Сари не може да смета во последните три кола од италијанското првенство.

Во моментов, во комбинација не се ниту Кедира, Де Шилјо, Кјелини, па и Демирал кој се рехабилитираше од повредата, но се уште не одиграл ниту една минута во продолжението од сезоната.

Лекарскиот тим на Јувентус ќе се обиде да го оспособи Коста што е можно побргу, но речиси јасно е дека неговите шанси за настап против Лион во Лигата на шампионите се минимални.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни