Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Агуеро се уште не е со нас во Лисабон

Објавено

на

Пеп Гвардиола и денеска нагласи дека за неговиот тим било многу важно што го симнале „кралот на Европа“ во осминафиналето во Лигата на шампионите, но исто така порача дека Манчестер Сити не може да биде воопшто релаксиран пред утрешното четвртфиналет.

Противник на англискиот вицепрвак ќе биде францускиот тим Лион, за кој Гвардиола чувствува огромен респект и смета дека може да направи многу нешта на теренот, особено кога во прашање е само еден натпревар како на новосоздадениот завршен турнир.

– Секако дека беше многу важно да се победи кралот во ова натпреварување. Но, кога играте еден меч во Лигата на шампионите, се е можно. Обично во ова натпреварување, кога го играте првиот меч, со мислите сте и на вториот. Сега нема простор за такво нешто, сега е класично Куп натпреварување, – изјави Гвардиола и додаде дека нема да може да смета на Агуеро ниту на утрешниот меч.

– Агуеро се уште е во Барселона, не е со нас. Ако на крајот испадна да се укаже шанса да дојде тука, ќе мора да биде тестиран од нашиот лекарски тим. Во овој момент е во Барселона и работи на својата рехабилитација.

Само за потсетување, Агуеро го повреди коленото на самиот почеток по рестартот на натпреварувачката сезона, па Пеп нема голем избор на позицијата централен напаѓач и јасно дека против Лион прва опција ќе биде Габриел Жесус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни