Поврзете се со нас

Репрезентација

Грчевски избра 20 ракометарки за натпреварите со Азербејџан и Литванија

Објавено

на

Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, денеска објави скратен список на ракометарки кои ќе бидат во конкуренција за настап на квалификациските натпревари против Азербејџан и Литванија.

Пред четири дена беше објавен првичниот, поширок список со ракометарки кои беа во комбинација за престојните две средби, за сега Грчевски да избере 20 ракометарки на кои ќе смета против Азербејџан и Литванија.

На претстојната ЕХФ недела женската сенорска репрезентација на Македонија прво ќе гостува во Баку, Азербејџан, натпреварот е предвиден да се оддигра на 03.04.2024 во 15:00 часот.

Потоа на домашен терен ќе ја пречекаме репрезентацијата на Литванија, а натпреварот е предвиден да се оддигра на 07.04.2024 во Скопје со почеток во 18:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни