Поврзете се со нас

Германија

Голманот на Леверкузен е експерт за знамиња: Без проблем го погоди македонското, точни му беа дури 90 одговори (Видео)

Објавено

на

Лукаш Храдецки е прв голман на Баер Леверкузен и буквално е незаменлив на голот на „фармацевтите“, но покрај тоа што ги покажува своите квалитети како чувар на мрежата во германската елита, сега финскиот репрезентативец покажа дека поседува и друг врвен квалитет.

Финскиот голман кој има потекло од Словачка без никаков сомнеж е најдобриот познавач на знамиња во светот на фудбалот, за што говори и специјалното видео кое го направи неговиот клуб, а во кое Храдецки се најде во таканаречен квиз во кој требаше да ги погодува знамињата на земјите од целиот свет.

Ако се суди според видеото, Храдецки слободно може да го добие епитетот на фудаблски вексиколог, или за експерт во вексикологија, науката која се занимава со проучување на знамињата.

Од вкупно 92 знамиња кои му беа покажани, Храдецки погоди дури 90 и имаше повеќе од 95-процентна успешност, а интересно е тоа што без проблеми го погоди и знамето на Македонија.

Делот кога му е покажано македонското знаме е на 2:02 од видеото….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни