Поврзете се со нас

Олимписки игри

Георгиевски амбициозен при приемот во АМС: Имам желба да се вратам со медал од Токио!

Објавено

на

Дејан Георгиевски оствари историски успех за таеквондото во нашата земја и претстојново лето ќе ја претставува Македонија на Олимписките игри во Токио, откако освои „А“ норма за настап на најважното спортско случување.

Најдобриот македонски таеквондо мајстор освои олимписка норма откако го победи националниот шампион на Азербејџан на квалификациите кои се одржаа во Софија, па сосема заслужено, денеска имаше прием во Агенцијата за Млади и Спорт каде одржа прес-конференција.

– Мотивот на квалификациониот турнир беше огромен, што резултираше со победа над Азербејџанецот, олимписки и светски првак во таеквондо, што ја зголемува мојата самодоверба за Токио. Желбата и од таму е да се вратиме со медал, кој може да биде и златен, – истакна Георгиевски.

Приемот денеска го организираше претседателот на АМС, Наумче Мојсовски, кој вели дека овој успех на Георгиевски е уште поголем ако се знае во какви услови работеше во последно време.

– Дејан покажа дека имаме спортисти за големи натпреварувања и секој негов чекор до Токио, како и целокупниот престој во Токио ќе биде подпомогнат од Агенцијата за млади и спорт, – испакна Мојсовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни