Поврзете се со нас

АТП

Францускиот тенисер Ербер: Не би сакал да бидам во кожата на Ѓоковиќ

Објавено

на

Французинот Пјер Иг Ербер е еден од тенисерите кои нема да играат на Аустралијан Опен затоа што не се вакцинирани, а тој во последната изјава го посочи притисокот кој сега ќе го трпи Новак Ѓоковиќ поради можоста да го заобиколи официјалниот протокол на сојузната држава.

Додека Србинот и натаму не е сигурен учесник на турнирот во Мелбурн, Ерберт го истакнува проблематичниот период за светскиот рекет број еден.

– Не сум изненаден што Ѓоковиќ доби дозвола да игра, не е единствен тенисер кој добил изземање за настап во Австралија.

– Но, не би сакал да бидам во неговата кожа кога ќе пристигне во Австралија, сигурно нема да се чувствува добредојден.

– Се надевам дека ние невакцинираните тенисери ќе добиеме подобар третман во иднина, бидејќи сепак секој човек има право на избор по ова прашање, – изјавил Ербер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни