Репрезентација
ФФМ: Не сме разговарале со други тренери, следуваат преговори со Ангеловски

Информацијата дека Роберт Просинечки ќе го замени Игор Ангеловски на селекторската функција во македонската фудбалска репрезентација и тоа во пресрет на Европското првенство, предизвика многу реакции во нашата спортска јавност.
Веста на српски „Курир“ донесе и демант од Фудбалската федерација на Македонија, од чија страна е прогласена за обична шпекулација.
ФФМ потенцира дека останува на ставот кој веќе го објави претседателот Муамед Сејдини, а според кој федерацијата прво ќе преговара за продолжување на соработката со Ангеловски, кој со фудбалерите има и најголема заслуга за историскиот пласман на Европското првенство.
Средбата е најавена по празниците кои следуваат, по што ќе биде познато дали популарниот Мрме ќе стави потпис на нов договор и ќе ја предводи нашата селекција и во квалификациите за Светското првенство, кои почнуваат во март.
– Договорот на Игор Ангеловски истекува на 31. декември. Пракса е да се разговара за продолжување откако ќе истече актуелниот договор, така што со него ќе разговараме после новогодишните празници, – изјави неодамна Сејдини во своето телевизиско гостување.

- Англијапред 14 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 10 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Шпанијапред 23 часа
Искусниот стопер на Валенсија се расплака откако го прашаа какви чувства буди борбата за опстанок (Видео)
- Шпанијапред 24 часа
Играчот за врска на Севилја ја презентираше најпродуктивната техника за справување со Меси (Видео)
- Италијапред 9 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 14 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 12 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 23 часа
Одбрана на сезоната во Премиер лигата: Дубравка со вонсериски рефлекс во 92. минута го спаси Њукасл (Видео)