Поврзете се со нас

Формула 1

Ексклузивно од Пирели: Познати промените за 2019 година!

Објавено

на

Од Шпилберг за „Дерби“,
Александар Табаковски

За време на австрискиот гран при викенд, спортскиот директор на Пирели, Марио Изола, беше достапен за акредитираните новинари на „Ред Бул Ринг“, а во интервјуто за „Дерби“ зборуваше за плановите во 2019 година.

Пирели оваа сезона на екипите им нуди четири различни типа на меки гуми (меки, супермеки, ултрамеки и хипермеки), а дополнително тука се и медиум, тврди и супертврди.

– Планот е во 2019 година да имаме само пет или шест смеси, а тие да бидат оддалечени едни од други, да не бидат толку блиски како оваа сезона. Дополнително, веројатно на секоја трка ќе имаме „тврди“, „медиум“ и „меки“ за да биде полесно за следење, а ние ќе ги знаеме кои се смесите зад тие имиња, кои ќе бидат различни на секој гран при викенд. Исто така, ќе мораме да се потрудиме и да ги анализираме бројките добро и да овозможиме во пресметките да превагнуваат стратегиите со две застанувања да бидат побрзи, но не за многу, за да може да гледаме различен избор на стратегии кај различни тимови,- рече Изола во интервјуто за „Дерби“, кое ќе биде објавено во целост на 15 јули.

Во текот на гран при викендот за „Дерби“ интервју даде и младата надеж на францускиот автомобилизам, Пјер Гасли, кој настапува за Торо Росо Хонда.

– За жал, мислам дека не е можно да стигнам до победа во трка ако не возам за некој од првите три тима, Мерцедес, Ферари или Ред Бул. Победата на Фетел со Торо Росо во 2008 година беше нешто сосема поинакво, тогаш Ред Бул и Торо Росо имаа слични болиди, разменуваа податоци, но сега тоа не е дозволено,- рече Гасли како одговор на прашањето дека последната победа на француски возач датира од 1996 година, кога тој е роден.

Photo credit: Martin Candir (Top Speed)

Photo credit: Martin Candir (Top Speed Srbija)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни