Поврзете се со нас

Лига Европа

Дмитровиќ ги покажа последиците од нападот на хулиганот во Ајндховен (Видео)

Објавено

на

Марко Дмитровиќ вчера беше нападнат од хулиган за време на дуелот меѓу ПСВ Ајндховен и неговата Севилја, но успеа добро да се снајде во соочувањето со натрапникот.

Српскиот голман избегна директен удар во главата, но сепак во интервјуто по средбата откри дека еднаш бил удрен, а покажа и дека заработил повреда на вратот од потегот на неодговорниот навивач на домашниот тим.

– Дојде и ме удри од зад грб.

– Веројатно беше лут поради резултатот, но и малку луд. Сакаше да ме удри, но не му дозволив, го легнав на земја и го чекав обезбедувањето. Вакви работи не би требало да се случуваат и очекувам сериозно да бидат казнувани, – изјавил голманот на Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни