Поврзете се со нас

Свет

Димитријевиќ со дабл-дабл, Уникс доживеа пораз од Локомотив

Објавено

на

foto: www.unics.ru

Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ имаше уште еден солиден настап во дресот на Уникс, но неговиот тим загуби од Локомотив Кубањ во ВТБ лигата.

Домаќините подобро го почнаа дуелот во Краснодар, но Уникс го подигна нивото во продолжение и обезбеди можност победникот да биде решаван во последниот период.

Сепак, играчите на Локомотив одиграа поквалитетно во последните неколку минути и на крајот го добија дуелот со 90:82, нанесувајќи му го осмиот пораз на Уникс сезонава.

Димитријевиќ забележа дабл-дабл со 12 поени и 12 асистенции, но овојпат тоа не беше доволно за неговата екипа, во чии редови најефикасен беше Грин со 24 поени. Акун-Персел со 25 поени ги предводеше реализаторите во редовите на Локомотив.

Уникс со овој пораз и овозможи на ЦСКА Москва повторно да се израмни на врвот на табелата, но под услов да го совлада Зенит по два дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни