Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Чеферин за осминафиналната ждрепка во ЛШ: Тоа беше грешка на УЕФА, им се извинуваме на сите

Објавено

на

Понеделичката ждрепка за осминафиналето во Лигата на шампионите донесе вистинска драма и истата мораше да се повтори за да се биде реагуларно откако при првичното извлекување беа направени две големи грешки по што имаше реакции на клубовите.

На крајот имавме нова ждрепка во која добивме само еден ист пар од првиот дел и тоа е оној меѓу Челси и Лил. Во меѓувреме имавме многу реакции, коментари, па сега својот став на ова случување го даде првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

-Добивме информација дека нешто не е во ред со софтверот, имав средба со нив по телефон, провајдерите на софтверот ми предложија повторно да се изврши ждрепката и дека не се знае кога настанала грешката. Решивме да бидеме транспарентни и да го кажеме тоа за да научиме за во иднина. Прерано е да се знаат можните последици. Не можеме да бидеме толку зависни од технологијата. Не беше човечка грешка, тоа беше грешка на УЕФА, им се извинуваме на сите, -порача Словенецот.

Повторената ждрепка донесе еден ист пар во ЛШ, најголемото дерби ќе се игра во Париз и Мадрид

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни