Поврзете се со нас

Фед куп

Били Џин Кинг куп: Македонските тенисерки го совладаа првиот носител Финска

Објавено

на

Фото: www.mtftennis.mk

Македонската женска тениска репрезентација успешно го започна настапот во третата европска зона на Били Џин Кинг купот во Скопје, совладувајќи ја Финска која беше поставена како прв носител и фаворит за првото место во групата.

Избраничките на селекторот Димитар Лабудовиќ не разочараа пред своите фанови на терените на ТК Југ и денеска остварија важна победа со резултат 2:1, која е веќе трета во групната фаза.

Финските тенисерки имаа посакуван старт бидејќи Хиетаранта ја совлада Стоилковска со 2:0 во сетови, но нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа славеше на вториот сингл меч, со што стана јасно дека резултатот во дубл ќе биде решавачки за победникот од дуелот.

Ѓорческа ја победи Куликова со 2:1 во сетови, во меч во кој мораше да прави пресврт, за подоцна заедно со Стоилковска да слават против Хиетаранта и Куликова со поубедливи 2:0 во сетови.

Противник на Македонија во утрешното четврто коло ќе биде Исланд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни