Поврзете се со нас

Репрезентација

Македонскиот дрес изложен на „Ванда Метрополитано“

Објавено

на

Дресот на македонската фудбалска репрезентација е вклучен во кампањата „Фудбал за мир“, која е организирана под покровителство на Обединетите Нации.

На стадионот „Ванда Метрополитано“, на кој настапува актуелниот шпански првак Атлетико Мадрид, периодов ќе бидат изложени дресовите на преку 80 фудбалски репрезентации.

Изложбата е дел од кампањата на дипломатските претставништва, меѓу нив и на македонската амбасада во Шпанија, за промоција на фудбалот како механизам за градење мир и благосостојба меѓу земјите, но и како средство за пријателство меѓу народите во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни