Поврзете се со нас

Свет

Екс играч на Манчестер Јунајтед: Ако бев 5 проценти како Роналдо, ќе бев меѓу најдобрите во светот

Објавено

на

Foto:twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо остави посебен печат во клупската историја на Манчестер Јунајтед, а неговото влијание врз соиграчите е потврдено од коментарите и изјавите кои стигнуваат со години подоцна.

Таква е и таа на Андерсон, бразилски фудбалер кој забележа над 100 настапи во дресот на Јунајтед меѓу 2007 и 2015 година, а на почетокот на престојот во Манчестер имал поддршка токму од Роналдо.

– Кога пристигнав во Манчестер, Кристијано ме прими во својот дом и затоа ќе му бидам благодарен до крајот на животот.

– Заедно со Нани живеевме таму една година, а потоа заминавме затоа што не сакавме да му пречиме. Тој се грижеше за нас постојано, дури и готвеше, а ние уживавме во луксузната вила.

– Тренинзите на Карингтон ни започнува во 9:30 часот, а поради него моравме да тргнуваме во 6:30 затоа што сакаше да почне порано со подготовките и да има подолг тренинг. Јас и Нани спиевме во дневната соба за да можеме побрзо да се подготвиме. Ако мојот став за спортската етика беше барем 5 проценти како тој на Кристијано, ќе бев меѓу 20-те најдобри играчи за врска во мојата ера, – истакнал Андерсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни