Поврзете се со нас

Европски првенства

Дувњак разочаран: Подобро да молчам, да не употребам некои тешки зборови

Објавено

на

Хрватска секако имаше тешка задача да се пласира во полуфиналето на Европското првенство, но третиот пораз во втората фаза ги остави „коцкестите“ и без математички шанси за такво нешто.

Исланѓаните ја надиграа Хрватска во вториот дел и ги открија сите лоши страни на тимот кој го води Перковац, па на овој шампионат добивме уште една потврда дека успешната балканска селекција е далеку од времето кога важеше за ракометна велесила.

По неуспесите од Франција и Унгарија, третиот пораз од Исланд донесе огромно разочарување во хрватскиот табор, особено ако се знае дека турнирот го отворија со историска победа над Шпанија од десет разлика.

Домагој Дувњак како капитен на националниот тим дал изјава за националната телевизија по поразот од Исланд, а при обраќањето морал и да се воздржува за да не испрати потешки зборови.

– Ова е претежок пораз за наши стандарди. Првото полувреме го одигравме солидно, но второто не беше воопшто добро. Не одигравме добро, подобро е да молчам и да не продолжувам за да не употребам некои тешки зборови. Голманите беа феномални цел турнир, а ние не го искористивме тоа. Игравме прешироко во одбрана и без прекршоци. Го оставивме голманот Кузмановиќ на стрелање.

– Имамве подобар говор на телата од мечот со Унгарија, но тоа не беше доволно. Тргнавме да се наттрчуваме со нив и поминавме лошо. Турнирот го отворивме феноменално и тоа беше лошо за нас. Таков меч се случува еднаш во 50 години. Не знам на кое место ќе завршиме, но ова не е добро за Хрватска, – изјави Дувњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни