АТП
Борис првпат во противничкиот табор: Ѓоковиќ го среди пуленот на Бекер и му испрати порака на Германецот

Борис Бекер неодамна почна соработка со Холгер Руне и нивната кратка соработка брзо почна да дава резултати, бидјеќи Данецот кој беше во очајна форма и тоа како се издигна со добри изданија на Мастерсот во Париз.
Руне одигра одличен турнир и се спротивстави навистина добро на Новак Ѓоковиќ во вчерашното четвртфинале, но на крајот мораше да му подаде рака на српскиот ривал кој славеше по голема борба во три сета.
Светскиот рекет број еден победи со 7:5, 6:7 и 6:4, а триумфот значеше дека израмнува на 2:2 во меѓусебните дуели, но истовремено беше и слатка одмазда за поразот во финалето во Париз пред една година.
Ноле покажа истрајност и го избра потешкиот пат откако пропушти една меч топка во вториот сет, но на крајот сепак се израдува на победа, која е и прва за него против неговиот поранешен тренер, Борис Бекер.
– Ова беше сличен меч како минатогодишното финале. Нашите стилови на игра се многу слични, а јас го одиграв најлошиот тајбрејк оваа сезона. Секоја чест за него, се гледа дека игра подобро откако работи со Бекер. Малку ми е чудно да го видам Борис во противничкиот табор, но знаев дека тоа ќе се случи порано или подоцна. Им посакувам се најдобро, нависитна го мислам тоа.
– Со Бекер работевме заедно три години, тој совршено ја познаваше мојата игра, но од тогаш има поминато пет или шест години. Мојата игра од тогаш еволуираше, но неговиот играч пружи голема борба. Минавме многу убави моменти со него, го сакам начинот на кој го поддржуваше Руне од трибините. Истото го правеше и со мене пред неколку години. Остваривме големи успеси заедно и се уште го сметам за близок пријател, – изјави Ноле по пласманот во полуфиналето.
-
Англијапред 24 часа
Сколс закачи две ѕвезди на Јунајтед по поразот од Њукасл: Тој му нанесе повеќе штета на тимот отколку добро
-
Англијапред 16 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Атлетикапред 23 часа
Ивановски постави нов македонски рекорд на маратонот во Валенсија
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Мек Алистер за препирката меѓу Гвардиола и Нуњез: Јас се смеев…(ВИДЕО)
-
Англијапред 18 часа
Хау ја посочи најлошата вест од победата над Јунајтед
-
Англијапред 12 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Италијапред 19 часа
Италијанска драма: Голманот не Лече се избори за пенал во 96. минута! (Видео)