Поврзете се со нас

Балкан

Стојковиќ пред финалето со Звезда: Силувајте ме ако не го освоиме Купот

Објавено

на

Утре се игра финалето од Купот на Србија, а во истото за трофејот ќе соочат вечните ривали Црвена Звезда и Партизан.

Звезда веќе го крена пехарот во домашниот шампионат, па може со двојна круна да ја заврши натпреварувачката 2020/2021. Од друга страна пак за Партизан ова е единствената шанса за успех, притисокот е голем, а тоа најдоброто го знае голманот Владимир Стојковиќ кој се се обиде да ги растерети соиграчите со една интересна изјава како најава за битката на „Рајко Митиќ“.

-Моите соиграчи не треба да имаат притисок. Тие направија премногу во оваа година, јас сум горд на серијата победи. Во некои други времиња сигурно ќе бевме шампиони. Што и да се случи утре, јас ќе бидам виновен. Се земам на свој грб. Силувајте ме ако не го освоиме Купот. Соиграчите немаат притисок. Се зависи од мене, -порача ветеранот кој е подготвен и за пенали ако е тоа потребно.

-Ако има пенали, сигурно ќе го освоиме пехарот. Би сакал претходно тоа да го завршиме ако може. Јас дефинитивно ќе бидам на располагање и ќе шутирам ако е потребно. Знам колку е тежок пехарот, па само размислувам како утре ќе го кренам, -заврши Стојковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни