Македонија
Шкупи го доби големото дерби со Вардар и се искачи на врвот, Струга со пресврт ја совлада Шкендија

Денешната прволигашка програма во македонскиот фудбал донесе две големи дерби пресметки, од кои едната се играше во Скопје, а втората крај охридското езеро во Струга.
Поради традицијата и ривалството, градското дерби во македонската престолнина меѓу Шкупи и Вардар беше во прв план, но на крајот видовме епилог кој беше и очекуван со оглед на распоредот на силите.
Шкупи трет пат во низа славеше во дерби пресметките со Вардар, тим кој денеска дојде да игра цврст и дефанзивен фудбал на Чаир, но таквиот пристап сепак не вроди со плод.
Вардар се покажа во добро и коректно светло, но раниот погодок на Воша им донесе мир на домашните фудбалери, кои потоа ја потврдија победата со голот на Кука на 16 минути пред крајот.
Со овој триумф, Шкупи се искачи на првото место на табелата во Првата македонска фудаблска лига, натпреварување во кое врвот го предаде Шкендија која денеска загуби од Струга.
Тетовчани поведоа со голот на Красничи од пенал, но Чинари заработи директен црвен картон во 62-та минута, по што следеше брз пресврт на актуелниот македонски шампион.
Струга се врати во игра со голот на Компаоре во 73-та минута, а 120 секунди подоцна целосниот пресврт го комплетираше Радески за конечни 2:1.
-
Шпанијапред 20 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 15 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 19 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 17 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 14 часа
Борусија и Манчестер Јунајтед на тајни преговори за размена во јануари