Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сетиен по дебаклот во Лисабон: Ова е болен пораз за голем клуб како Барселона

Објавено

на

Кике Сетиен очигледно нема иднина на „Камп Ноу“, а навивачите на Барселона никогаш нема да заборават дека тој бил тренер на екипата во понижувачкиот пораз од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

По дебаклот со осум примени голови, Сетиен призна дека Баерн заслужил да победи со поголема разлика.

– Ова е навистина болен пораз. Мислам дека е изразен со преголема разлика, иако тие заслужија да ги постигнат најголемиот дел од головите.

– Не надиграа целосно во одредени моменти, а тие беа многу ефикасни. Имавме добар почеток, но тие покажаа дека поседуваат квалитет.

– Во моментов не би сакал да коментирам повеќе, јасно е дека постои голема фрустрација по ваквата елиминација, па сега ни останува да извлечеме заклучоци и да донесеме одлуки. Барса е навистина голем клуб и ваквите порази болат, – изјавил Сетиен по поразот од Баерн во Лисабон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни