Поврзете се со нас

Италија

Марота излезе со амбициозен трансфер план по првиот состанок со агентот на Дибала

Објавено

на

Бепе Марота како главен оперативец на Интер на почетокот на оваа седмица ги водеше првите преговори со агентот на Пауло Дибала и оваа вест ексклузивно ја пренесоа италијанските новинари, кои сега се изборија за една интересна изјава од човекот кој е одговорен за трансферите кај италијанскиот вицешампион.

Марота не откри детали за тоа како се развиваат преговорите за Дибала, но затоа најави дека имаат концизен план сите трансфер операции да ги завршат до крајот на месец јуни, што значи дека следат турбулентни 25 дена за него и останатите во неговиот тим.

Интер се поврзува со неколку останати сериозни имиња покрај Дибала, а целта на Марота е да заврши со сите зделки до крајот на месец јуни, по што тренерот Инѕаги точно ќе знае со што ќе располага во новата сезона.

– Напорно работиме за да направиме конкурентен тим достоен за името на Интер. Работата од моја страна, од Аусилио и останатите е многу јасна.

– Сакаме да завршиме се до крајот на месец јуни, сакаме да му дадеме време на тренерот Инѕаги, а истовремено да го испочитуваме концептот на одржливост кој секогаш го имаме на ум, – вели Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни