Европски првенства
Јончевски: Ова е заслуга на нашата енерија, ни одговара игра со мал број на поени

Македонија ја продолжија добрата серија на резултати и ја совлада Норвешка со 58:36 во вечерашната средба од претквалификации за Евробаскетот во 2025 година.
Нашите кошаркарки одиграа фантастично во одбраната и тоа против тим кој во претходните две рунди даде 99 и 87 поени (Словачка и Данска) и со тоа си го отвори патот до триумфот во Гевгелија по кој сме публиску до зацртаната цел.
-Како што кажа и селекторот на Норвешка што се случи – ние ја стопиравме нивната транзиција, а и позицијата од каде најчесто ги постигнуваа нивните поени. Тоа е заслуга на енергијата, на ангажираноста и на одличната одбрана благодарејќи на која не моравме да форсираме во напад. Ни одговараше тој тип на игра, иако постигнавме под 60 поени, но и тоа како ни одговара овој конечен резултат, -рече селекторот Александар Јончевски кој потоа говореше за настапот на новото американско засилување.
-Задоволен сум од играта на Шорц. Осумте поени не се значајни во статистиката, но и осумте асистенции покажаа дека е одличен организатор на игра каков и што ни требаше. Изненади и во делот од одбраната каде што беше крајно ангажиран и дисциплиниран.
-Генерална оценка е дека сум задоволен. Големо признание треба да им се одадде на сите играчи кои досега победија и два натпревари без натурализиран играч во составот, -заклучи Јончевски.
-
Англијапред 21 час
Јунајтед знае што ќе прави со Гринвуд до крајот на сезоната
-
Балканпред 21 час
Тренерот на Партизан пријави за исчезнат познат првотимец, клубот режираше голем циркус во Србија
-
Светпред 19 часа
Шокантно видео од Белгија: Поранешен играч на Лацио полетал во воздух со автомобил и пробил ѕид од спортска сала!
-
Шпанијапред 23 часа
Куман: Лапорта ме излажа дека Меси ќе потпише нов договор со Барселона
-
Шпанијапред 22 часа
Барселона ќе одмори од „Камп Ноу“: Каталонците ја известија Ла Лига дека наредната сезона ќе играат на друг стадион
-
Англијапред 20 часа
Руни откри дека има свој фаворит во шампионската трка меѓу Арсенал и Сити
-
Балканпред 18 часа
Мијатовиќ за својот сакан соиграч: Повеќе спиев со него, отколку со мојата сопруга
-
Балканпред 16 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска