Поврзете се со нас

Олимписки игри

Јапонскиот премиер сигурен дека Олимпијадата во Токио ќе се одржи во новиот термин

Објавено

на

Летните олимписки игри во Токио ќе бидат одржани претстојното лето, без разлика што коронавирусот им создава многу проблеми на жителите на азиската земја и нејзините здравствени власти.

Вчера беа пријавени 1.378 позитивни случаи во Токио, што беше и првпат во главниот град на Јапонија да има над 1.000 позитивни тестови во еден ден, додека денеска пријавената бројка е 783 нови инфицирани жители.

Сепак, јапонскиот премиер Јошихиде Суга вели дека не постои простор за ново одложување или откажување на Олимпијадата, која првично беше закажана за во веќе комплетираната 2020 година.

– Олимписките игри ќе се одржат летово и ќе бидат безбедни, – изјавил денеска Суга, иако локалните власти и жители не се премногу расположени за ваков настан со оглед на ризикот од ширење на вирусот.

Јапонија веќе плати над 2,8 милијарди долари за подготовка на Олимпијадата, која очигледно ќе биде најскапа во историјата, но според премиерот ќе може да се претвори во симбол на глобалната солидарност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни