Поврзете се со нас

Македонија

И Штерјов останува во Гостивар

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Гостивар се договори и со искусниот центар Александар Штерјов.

Тој е последното име кое одлучи да му оставе верен на Гостивар, поточно да ги следи постапките на Ренато Димитриевски, Александар Костоски, Ивица Димчевски, Малком Армстед и Диме Тасовски кои претходно ги продолжија договорите.

Штерјов е играч кој е долго време на нашата кошаркарска сцена, па така досега освен за Гостивар има настапувано за Ангели, МЗТ Скопје, Плејмејкер-Кубус Скопје, Вардар, Кожув, Куманово и АВ Охрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни