Поврзете се со нас

Лига на нации

Брозовиќ ја прослави победата над Франција со два пороци, Ловрен го даде најлудиот коментар (Фото)

Објавено

на

Хрватска за првпат во својата историја ја победи Франција на еден официјален натпревар, откако вчеравечер го направи максимално вреден голот од пенал на Лука Модриќ во раната фаза.

„Коцкестите“ беа помудри и поистрајни во намерата да го зачуваат почетното водство и ја заковаа Франција на дното во Групата 1 во Лигата на нации, успех по кој посебно се истакна Марсело Брозовиќ.

Фудбалерот на Интер знаеше како да слави во соблекувалната, односно сподели фотографија на Инстаграм на која се гледа дека ужива во два пороци по големиот триумф.

Брозовиќ славел со пиво и пура по огромниот триумф на Хрватите во Париз, а најлудиот коментар го даде неговиот поранешен соиграч, Дејан Ловрен.

– Тито, – го нарече Ловрен Брозовиќ, по што овој му возврати.

– Газиме сеееее, ајдееее, – му врати Брозовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни