Поврзете се со нас

Италија

Аутсајдерот се „вади од калта“: Емполи ја продолжи мизеријата на Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/EmpoliFC

Емполи со втора победа на последните три натпревари е тим кој полека се „вади од калта“ во Серија А, бидејќи шесте бода освоени на домашен терен го носат составот на Давиде Никола на четири поени од опасната зона.

Емполи пред две недели ја доби драмат со Торино и победи со 3:2, но денеска доволен беше еден гол за огромна и значајна победа против шампионот кој е бледа сенка од тимот кој лани доминираше на чизмата.

Чери денеска погоди уште во 4-та минута и го отвори резултатот на најдобар можен начин, па иако гостите имаа речиси цел меч пред себе да се вратат во игра, на крајот не успеаја во тоа.

Факт е дека ниту Калцона не успеа да донесе позитивна атмосфера во Неапол и да го размрда тимот кој лани извонредно го водеше Спалети, па се поизвесно е дека ќе гледаме огромни промени на „Марадона“ претстојново лето.

Наполи е осмопласиран и нема некој посериозна закана да падне и подоле на табелата, но денешниот резултат е злато вреден за Емполи кој полека бега од црвената зона.

Голот на Емполи погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни