Шпанија
Рафиња тргна да се пресметува со судиите, па доби германска лекција од Флик и Тер Штеген (Видео)

Барселона не успеа целосно да го искористи киксот на Реал Мадрид и да профитира на најдобар можен начин, па така на крајот мораше да се задоволи само со реми во дуелот со Бетис.
Иако важеше за апсолутен фаворит како тим кој има и дополнителен мотив по поразот на Реал од Валенсија, Барселона одигра само 1:1 против разиграниот андалузиски тим и не успеа да отиде на „плус шест“, а таквото сценарио не донесе баш позитивна атмосфера на „Монжуик“, нешто што особено важеше за Рафиња.
Капитенот на Барселона беше убедливо најлут по последниот судиски свиреж, но со своето однесување, Бразилецот ризикуваше да заработи и дополнителна казна.
Рафиња во неколку наврати се обиде да влезе во вербална пресметка и физички контакт со судиите, меѓутоа во моментите на голема нервоза, доби лекција од двајцата најсмирени на теренот.
Најпрво Ханси Флик, а потоа и Марк Андре Тер Штеген го смируваат темпераментниот Бразилец, кој само благодарение на Германците мина и без посериозна казна на крајот од натпреварот со Бетис.
Raphinha no t’enfadis que guanyarem aquesta lliga. pic.twitter.com/eGH1VKD46w
— Lluís Bou Morera (@lluis7bou) April 5, 2025
😢😢 https://t.co/54f71zNcu8 pic.twitter.com/9l6vVOHvfL
— Esia ♡ (@esiadrr) April 5, 2025
-
Шпанија15 часа
Анчелоти по болниот пораз од Валенсија: Ќе биде тешко да ја освоиме титулата, но…
-
Македонија21 час
ФФМ изрече двојна казна за Шкендија поради нечовечкото однесување во Тетово (Фото)
-
НБА23 часа
Кер го испофали Јокиќ по победата на неговиот Голден Стејт: Ова не го правеше ниту Карим (Видео)
-
Италија22 часа
Мота го прекина молкот и го посочи играчот за кој посебно жали што го продал: Направивме грешка
-
Шпанија21 час
Гути не може да преболи еден факт од кариерата во Реал: Тоа нема да му го заборавам на Дел Боске
-
Франција24 часа
Де Ѕерби за екстремните методи кои предизвикаа револт во Франција: Јас не сум криминалец
-
Англија19 часа
Аморим: Не сум луд, целта на Јунајтед…
-
Англија23 часа
Слот му одговори на Овен: Тој играше за овој клуб и добро знае колку е тешко да се направи ова