Поврзете се со нас

Свет

Николов двоцифрен против Баликесир (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот интернационалец, Кристијан Николов имаше двоцифрен учинок во дресот на Пицабулс Џеди Осман Баскет против Баликесир во втората лига на Турција.

Во еден неизвесен и драматичен меч домаќините славеа со 87:84, соочување во кое гостите не го реализираа завршниот напад, поточно не ги реализираа двата шута за три поени кои ќе им обезбедеа најмалку продолжение на ова соочување.

Плејмејкерот Николов го заврши натпреварот со 11 постигнати поени, 3 скока и 2 асистенции.

Кристијан и колегите се наоѓаат на 16. место на табелата на три кола до крајот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни