Поврзете се со нас

Англија

Артета за спорниот момент: Го гледав видеото петнаесет пати и не видов пенал

Објавено

на

Foto:x.com/Arsenal

Арсенал освои само бод на гостувањето кај Евертон, последно против овој тим на „Гудисон Парк“ и натпревар по кој „топчиите“ дополнително го приближија Ливерпул до нова премиерлигашка титула.

Менаџерот Микел Артета не криел дека е разочаран од пеналот кој го добија домаќините на стартот на вториот дел, а кој веше доволен за израмнување и реми на крајот.

– Многу сум фрустриран, најмногу поради тоа што имавме контрола врз натпреварот.

– Очекувавме да продолжиме со доминацијата и во вториот дел, но судијата без вистинска причина додели пенал за противникот.

– Го гледав видеото петнаесет пати и не видов пенал, – рекол Артета.

Денешното реми на Арсенал значи дека Ливерпул треба да освои само единаесет бодови на последните осум натпревари за да стане шампион.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни