Репрезентација
Зорман: Македонија е многу подобра репрезентација од тоа што кажува резултатот

Во натпревар во кој немаше никаква логика да се игра после големата трагедија која се случи во Кочани, македонските ракометари претрпеа тежок пораз на гостувањето во Копер, па така беше затворена една негативна спортска седмица за нашиот национален тим кој претходно загуби и во Скопје.
Траорните вести кои пристигнуваа од Македонија сигурно не им ја олеснија задачата на избраниците на Кирил Лазаров, па така вчера гледавме една доминација од домашната селекција, која на крајот славеше со високи 38:27.
Двете победи во период од неколку дена значат дека Словенија си го трасираше патот кон ново Европско првенство, додека Македонија ќе мора да брка такво нешто во последните две кола со победи против Естонија и Литванија.
Словенците извојуваа две победи над Македонија во ситуација кога имаа големи проблеми со играчкиот кадар, но Урош Зорман во овој квалификациски прозорец дозна дека има и други ракометари на кои може да се потпре во иднина.
– Имавме големи проблеми пред овој собир, немавме двоцифрен број на ракометари од тимот кој играше на Светско првенство. Но, и покрај тоа, моите момци си ја завршија работата и искрено им честитам за тоа.
– Со исклучок на воведните 10 минути во Скопје, се останато беше на наша страна. Вистината е дека тимот ги надмина моите очекувања. На двата меча изгледаше се многу лесно, но Македонија е далеку подобра репрезентација од тоа што го кажува резултатот, – изјавил Зорман пред словенечките новинари.
-
Македонија22 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија20 часа
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Шпанија23 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија8 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија3 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија7 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија17 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите