Лига на шампиони
Артета не стравува од Реал: Преовладува едно чувство пред двете пресметки

Микел Артета се наоѓа пред нова завршница во која Арсенал најверојатно ќе заврши како второпласиран во Премиер лигата, но од друга страна, неговиот тим се уште е во игра во Лигата на шампионите, натпреварување во кое веќе долго време се очекува да направи позначаен исчекор.
Арсенал после 15 години ќе игра вторпат во низа во едно четвртфинале во Лигата на шампиони, но тимот на Артета не можеше да замисли и посака потежок ривал од оној што го доби.
„Топчиите“ ќе играат против најдобриот тим во Лигата на шампионите, а Артета во интервјуто за „АС“ нагласи дека наместо страв, чувствува голема возбуда и страст што ќе одигра два меча против Реал Мадрид.
– Не чувствуваме тежина и страв, чувствуваме возбуда што играме против Реал и тоа е чувството кое преовладува во тимот. Ни се падна ривалот кој предизвикува најголема возбуда, станува збор за историски најдобриот тим во Лигата на шампионите, а тоа е така поради сопствени заслуги. Имаме противник кој ќе не предизвика максимално, но едвај го чекаме тоа, – вели Артета, кој во продолжение е запрашан како може да се победи Реал во еден двомеч во најелитното натпреварување:
– Прво и основно, треба да бидеме подобри од нив, мора да веруваме од првата минута и да бидеме ефикасни во клучните моменти од натпреварите. Знаеме дека натпреварите во Лигата на шампионите се решаваат во пресудните моменти. Мора да бидеме најдобри за да го елиминираме Реал, бидејќи во спротивно, шансите се многу мали за нас, – изјави Артета.
-
Италија20 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија20 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Италија15 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија21 час
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Свет18 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
Шпанија21 час
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија12 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Англија13 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон