Поврзете се со нас

Атлетика

Награда „13 ноември“: Признание за Ивановски, заслужни спортски имиња и Спортско радио 90.3

Објавено

на

Сојузот на спортови на Скопје денеска ги додели признанијата „13 ноември“, традиција која трае од 1970 година и се доделува по повод денот на ослободување на градот.

Наградата се доделува за особени заслуги во развој и унапредување на спортот како и за врвни спортски достигнувања на заслужен спортист, тренер, професори по спорт, спортски новинари, спортски работници и награди за животно дело во областа на спортот.

Годинава, меѓу активните спортисти признание доби атлетичарот Дарио Ивановски, а неговиот тренер Игор Јакимовски е награден како претставник на тренерската фела.

Спортското радио 90,3 ја доби наградата која му се доделува на медиум кој придонел за промоција, развој и унапредувањето на спортот, заслужена награда која колегите од единственото спортско радио ја добија поради своето долгогодишно покривање на спортски настани и настапи на спортистите во Скопје, но и целата држава.

Награда за истакнати спортски работници добија поранешниот генерален секретар на ФФМ, Филип Поповски и Влатко Неделковски, декан на Факултетот за Физичка култура, додека Марјан Угриновски (Ј.А Коменски) и Мирјана Крстевска (Димитар Влахов) се наградени поради својата работа како професори во областа на спортот.

Сојузот на спортови на Скопје додели и три награди за животно дело, а тие завршија кај тренерите Владимир Радиќ (ракомет), Ѓорѓи Чадиковски (атлетика) и Ѓоко Хаџиевски (фудбал).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни