Поврзете се со нас

Дејвис куп

Ферер критички настроен за прошталниот чин за Надал: Недостасуваа Федерер, Ѓоковиќ, Гасол……

Објавено

на

Foto:x.com/DavisCup

Давид Ферер како селектор на шпанската репрезентација му овозможи на Рафа Надал да се прости со официјален меч на својот последен работен ден како професионалец, но за жал, сите очекувања на Шпанците паднаа во вода откако доживеаја непријатна елиминација од Холандија.

Надал со пораз во четвртфиналето во Дејвис Купот стави крај на својата богата играчка кариера и повлекувањето беше официјално заокружено неколку дена подоцна, бидејќи во принцип сите планираа дека Шпанија ќе игра до самиот крај и дека Рафа величествено ќе биде испратен претстојниот викенд.

Наместо тоа, Надал доби видео пораки од своите големи ривали за време на својата последна тениска ноќ во кариерата, па иако се беше многу емотивно, Ферер има критики за целата организација, но и за форматот на Дејвис Купот кој ги отежна работите за прошталниот турнир.

– Тажен сум за цел проштален чин, за како течеше и за тоа што доживеавме елиминација. Ова не беше сценариото кое го заслужува Рафа. Бевме фаворити за победа, не не го покажавме тоа на дело. Прошталниот турнир на Надал остана нецелосен, недотстауваа многу важни личности од неговата кариера, истото важи и за ривалите. Ми недостасуваа тие луѓе на прошталниот чин, но работите се такви какви што се и мора да се прифатат. Рафа ќе има уште многу прилики да биде испратен онака какошто доликува.

– Форматот на Дејвис Купот промени многу работи. Игравме во вторник, луѓето доаѓаат после работа, а и другиот ден одат на работа. Мене не ми недостасуваа оние кои навиваа, ми недостасуваа Федерер, Ѓоковиќ, Гасол кој е негов многу близок пријател. Јас воопшто не требаше да зборувам по крајот на мечот. Големината на Рафа нема да се промени со подобро испраќање, но генералниот впечаток за мене не беше добар, – вели Ферер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни