Поврзете се со нас

Македонија

Иџе го долови моментот: Фала ти Господе …

Објавено

на

Photo: Igor Stefanovski Idze

Македонскиот автомобилист, Игор Стефановски Иџе се врати со нов пехар од трката во Швајцарија, возена на патеката крај Сент Урсан, каде што го освои второто место.

Трикратниот европски шампион во првата година од кампањата со новото возило Ferrari 488 Challenge Evo и моментално се наоѓа на седмото место во генералниот пласман.

Како што тој самиот претходно најави, за оваа сезона нема големи очекувања, бидејќи во недостаток на можности за тестирање, автомобилот ќе го учи за време на гран при викендите.

Една таква „лекција“ била снимена за време на викендот во Швајцарија, а Иџе ја сподели како видео со своите следбеници на „Facebook“.

– Фала ти Господе што ме чуваш! – напиша македонскиот ас во коментарот.

До крајот на сезоната има две трки на познатите патеки Илирска Бистрица во Словенија и Бузет во Хрватска, а ФИА дополнително додаде нов настан за финишот на годината во  Грција, насловен како „Ахладокамос“ на 3 ноември.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни